| четврток, 6 декември 2018 |

Голема трагедија во Ѓорче Петров, девојка паднала од петти кат

полиција

Вистинска трагедија се случила денеска попладне во скопската населба Ѓорче Петров, кога млада девојка го загубила животот, паѓајќи од петти кат од зградата во која живеела. Несреќата се случила на улицата „4 јули“.

Маријана Т. (25) почина пет дена пред дипломската забава. Како што дознаваме, таа чистела за дипломската забава која ја планирала по повод завршување на факултетот. Чистејќи паднала од петти кат и несреќно го загубила животот.

Полицијата уште е на терен и врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top