| четврток, 6 декември 2018 |

Котлар фатил ограбувач на златарница

Zlatara

Котлар фати ограбувач на златарница во Кавадарци, јави утринава дописникот на Дневник. Ова е веста на денот во градот на виното. Имено, утринава околу 4 часот младо момче со фантомка на главата ја искршило влезната врата на златарскиот дуќан „Перо“ во Кавадарци и бидејќи златото било скриено во сеф, а алармот се вклучил, па немал време да го отвара сефот, ја наполнило кесата со рачни часовници од дуќанот. Дека ограбувач влегува во златарницата во строгиот центар на градот, забележале двајца кавадарчани кои во тој момент оделе на работа. Едниот од нив котлар, го палел парното каде што работел.

-Веднаш во главата ни светна како би било кога нас некој би ни влегол дома да ни ограби нешто и колку добро би било да има кој да ни помогне. Затоа не размислувајќи многу се втурнавме по крадецот. Го пречекавме на вратата како сака да излегува со пленот. Го совладавме и кутнавме на земја. Во меѓувреме тој испука два куршума од пиштол. Но во тој момент не размислувавме на стравот, мислевме само како да го фатиме натрапникот. Некој повика полиција и полицајците веднаш пристигнаа на лице место. Тие го презедоа крадецот. Не знам дали го познаваме, не сакаме ни да знаеме. Воопшто не му ја извадивме фантомката оти тоа не е наша работа а и не сакаме некој да ни се свети во иднина-коментираше кавадарчанецот за „Дневник“, кој заедно со котларот станаа хероите на оваа пазарна среда во Кавадарци. Не сакаше да го именуваме оти се плаши да не има последици во смисла на одмазда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top