| четврток, 6 декември 2018 |

Трансформации во ставот за името

Два­е­сет и две го­ди­ни не­за­вис­ност, при­дру­же­ни со пар­ти­ски транс­фор­ма­ции во ста­вот за име­то на на­ша­та др­жа­ва. Во ме­ѓу­вре­ме, раз­го­во­ри­те или пре­го­во­ри­те за гор­ли­ви­от проб­лем не до­не­соа ни­ка­ков ре­зул­тат, а грч­ки­те при­ти­со­ци­те и бло­ка­ди ги за­це­мен­ти­раа ин­те­гра­ци­и­те во Eвроп­ска­та уни­ја и во НАТО. Ем­бар­го­то во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, пак, ни на­пра­ви ште­та од це­ли две ми­ли­јар­ди до­ла­ри. И по­крај си­те гол­го­ти, ма­ке­дон­ски­те пар­тии и по 22 го­ди­ни не се усог­ла­си­ја, за ал­бан­ски­те пар­тии и не ста­ну­ва збор, а при­до­би­вки­те од ка­ко­фо­ни­ја­та ги пол­зу­ва Ати­на...

Analiza-65-1

По­ве­ќе од две де­це­нии Ма­ке­до­ни­ја се за­ни­ма­ва со на­мет­на­ти­от проб­лем од Гр­ци­ја. Во ме­ѓу­вре­ме, дел од пар­ти­и­те го ме­ну­ваа и „уб­ла­жу­ваа“ ста­вот, а сѐ на ште­та на единс­тво­то, нај­бит­ни­от сег­мент во гра­де­ње­то на на­ци­о­нал­ни­от став и на ма­ке­дон­ски­те „цр­ве­ни ли­нии“. И до­де­ка атин­ски­от пар­ти­ски кон­сен­зус за ова пра­ша­ње дејс­тву­ва син­хро­ни­зи­ра­но и про­а­ктив­но, ма­ке­дон­ска­та стра­на по­сто­ја­но, со одре­де­ни пар­ти­ски изб­ли­ци и ста­во­ви, го ури­ва те­ме­лот. Не­сом­не­но, од­вре­ме-на­вре­ме и грч­ки­те пар­тии за­ста­ну­ва­ат про­тив трет­ма­нот на пре­го­во­ри­те за име­то на се­вер­ни­от со­сед, но, исто­ри­ски гле­да­но, ре­ак­ци­и­те се­ко­гаш се во кон­текст на уште по­ра­ди­кал­ни и ул­тра­на­ци­о­на­ли­стич­ки ба­ра­ња. Пос­лед­ни беа „Не­за­вис­ни Гр­ци“, кои го об­ви­ни­ја Са­ма­рас де­ка ја про­дал Ма­ке­до­ни­ја. Кај нас, пак, си­ту­а­ци­ја­та е со­се­ма по­и­на­ква и т.н. ек­скур­зии на пар­ти­ски­те чел­ни­ци нај­че­сто се во на­со­ка на „омек­ну­ва­ње“ на ста­вот. Во би­тка­та за власт, че­сто ма­ке­дон­ски­те пар­тии до­би­ваа нап­лив на жел­ба за ко­ке­ти­ра­ње со ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца или, пак, се оби­ду­ваа пре­ку сво­ја­та „европ­ска“ и „де­мо­крат­ска“ ори­ен­та­ци­ја да им се доз­во­лат на не­у­трал­ни­те гла­са­чи. Та­ка, ба­рем, бе­ше до пред не­кол­ку ме­се­ци…

Нај­но­ви­от раз­вој на на­ста­ни­те на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ска по­ли­тич­ка сце­на е дла­бо­ко по­вр­зан со фе­но­ме­нот на по­пу­лиз­мот. По де­це­нии не­ги­ра­ње и ма­кси­мал­но по­тис­ну­ва­ње на на­ци­о­нал­но­то на сме­тка на про­те­жи­ра­ње на лаж­ни­от кос­мо­по­ли­ти­зам, опо­зи­ци­ја­та, ко­неч­но, се свр­ти кон ма­ке­дон­шти­на­та. Ка­ко евти­на ала­тка за со­би­ра­ње гла­со­ви, по­бе­ди про­ве­ре­ни­от ре­цепт на по­пу­лиз­мот. Во обид да го ста­ват под те­пих по­грд­ни­от пре­кар по­вр­зан со ко­му­низ­мот, се слу­чи уште ед­на екс­прес­на транс­фор­ма­ци­ја и на­ед­наш ста­наа тоа по што до вче­ра плу­каа – па­три­о­ти?! Се­пак, ви­стин­ски­от проб­лем на­ста­на во вос­при­е­ма­ње­то и во тол­ку­ва­ње­то на вре­ме­тра­е­ње­то на ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја, ко­ја, во овој слу­чај, се спо­ре­ду­ва со три­се­кунд­на­та ме­мо­ри­ја на злат­на­та рип­ка.

Analiza-65-2

Трансформација: Македонштина наспроти космополитизам

Очиг­лед­но, ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја сфа­ти де­ка гла­со­ви­те на из­бо­ри, а со тоа и мож­но­ста да се вра­ти на власт, ги до­би­ва од на­ро­дот, а не од Бри­сел или од Ва­шин­гтон. Ова, се­ка­ко, до­кол­ку не се ре­шат на ди­рект­на ин­тер­вен­ци­ја во сти­лот на приз­на­ва­ње­то на САД на устав­но­то име во 2004 го­ди­на, по­ли­тич­ка „па­тка“ што го уни­шти Ре­фе­рен­ду­мот за те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја, по­поз­на­та ка­ко по­дел­ба. Се­га, по се­дум го­ди­ни стрп­ли­во ис­че­ку­ва­ње на над­во­реш­на ак­ци­ја што би ги вра­ти­ла на по­зи­ци­ја пре­ку по­ја­ва на по­са­ку­ва­на­та deus ex makina или ин­тер­вен­ци­ја на зaпад­на­та „бож­ја ра­ка“, опо­зи­ци­ја­та се ре­ши да игра со евти­ни­от фе­но­мен, кој ба­ра са­мо го­ле­ми збо­ро­ви – по­пу­лиз­мот. Се че­ка пра­ша­ње­то на име­то, ко­неч­но, да ста­не и дел од нив­на­та про­гра­ма.

Во се­гаш­на­та про­гра­ма, об­ја­ве­на на сај­тот на пар­ти­ја­та, не­до­сти­га ста­вот за име­то. При­сут­ни се са­мо оп­шти фло­ску­ли за со­се­ди­те: „Со не­кои од нив има­ме те­шки и не­пре­мост­ли­ви раз­ли­ки, за кои е по­треб­на го­ле­ма дип­ло­мат­ска ве­шти­на и по­све­те­ност за да се над­ми­нат проб­ле­ми­те, ка­ко на при­мер спо­рот со Гр­ци­ја. Но, ме­сто да ги по­до­бру­ва­ме од­но­си­те и да оди­ме на­пред, ние ги зго­ле­му­ва­ме проб­ле­ми­те и сто­и­ме во ме­сто“, стои во про­гра­ма­та на СДСМ.

Нас­про­ти ова, во про­гра­ма­та на вла­де­јач­ка­та ВМРО-ДПМНЕ на це­ла стра­ни­ца од про­гра­ма­та се на­ве­ду­ва­ат и ела­бо­ри­ра­ат ста­во­ви­те за име­то. Кон­траст е и кон­зи­стент­ни­от став на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, не­про­ме­нет 22 го­ди­ни.

Analiza-65-3

СДСМ, пак, сво­ја­та нај­го­ле­ма транс­фор­ма­ци­ја за име­то ја до­жи­веа во 2008 го­ди­на, по са­ми­тот на НАТО во Бу­ку­решт. Раз­ли­ка­та е што и по грч­ко­то ве­то, за кое до­бив­ме ба­рем, мо­рал­на са­ти­сфак­ци­ја во пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг, ста­вот на ВМРО-ДПМНЕ не се про­ме­ни. По сред­ба­та со Мет­ју Ни­миц, одр­жа­на на­бр­гу по са­ми­тот, Ни­ко­ла Гру­ев­ски из­ја­ви: „Ед­но име за се­ка­де, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а за со Гр­ци­ја би мо­же­ле да раз­го­ва­ра­ме за одре­де­на ма­ла мо­ди­фи­ка­ци­ја“.

Тран­сфор­ма­ци­ја­та на СДСМ ја нај­а­ви Бран­ко Цр­вен­ков­ски. „Ако дој­де­ме до ком­про­мис со кој се га­ран­ти­ра де­ка име­то на на­ши­от на­род е ма­ке­дон­ски, де­ка име­то на на­ши­от ја­зик е ма­ке­дон­ски, то­гаш при­вре­ме­на­та ре­фе­рен­ца мо­же да ја за­ме­ни­ме со трај­на, ко­ја со­др­жи ге­о­граф­ска одред­ни­ца“, по­ра­ча Цр­вен­ков­ски не­кол­ку де­на по из­ја­ва­та на Гру­ев­ски. Про­ме­на­та се про­тол­ку­ва ка­ко „ра­ѓа­ње­то на Фран­кен­штајн“ во ма­ке­дон­ски­от став за име­то…

 

Човек со многу „татковци и чичковци“ има и многу кумови

Вли­ја­ни­е­то на Цр­вен­ков­ски, не­сом­не­но, по­ми­на и на то­гаш­ни­от в.д., а се­га акту­е­лен ли­дер на СДСМ, Зо­ран За­ев, кој со сво­јот ка­ра­кте­ри­сти­чен во­ка­бук­лар пла­стич­но ја опи­ша по­зи­ци­ја­та на пар­ти­ја­та: „Мис­лам де­ка ов­де тре­ба не­кој­пат и да ‘сви­тка­ме кич­ма’, ка­ко што зна­ат ста­ри­те да ка­жат. Прем­но­гу ни е важ­на еко­ном­ска­та ид­ни­на на гра­ѓа­ни­те“.

Во ми­на­ти­те 17 го­ди­ни, од 1991 го­ди­на до 2008 го­ди­на, СДСМ, ка­ко впро­чем и це­ла­та ма­ке­дон­ска над­во­реш­на по­ли­ти­ка и дип­ло­ма­ти­ја, игра­ше на кар­та­та на двој­на­та фор­му­ла би­деј­ќи до­то­гаш пре­го­во­ри­те беа фор­мал­ни и се алу­ди­ра­ше на фа­ктот де­ка вре­ме­то е на стра­на­та на Ма­ке­до­ни­ја. Се­пак, пр­ва­та рам­па од НАТО на Ати­на го сме­ни во­ка­бу­ла­рот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, кои ка­ко „др­жа­во­твор­на“ пар­ти­ја по­бр­заа да ѝ уго­дат на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Во ме­ѓу­вре­ме, по пет го­ди­ни без­ус­пеш­но че­ка­ње на на­гра­да од „го­ле­ми­от брат“, СДСМ пре­ку За­ев ја „за­тврд­на“ по­зи­ци­ја­та за име­то. Ана­ли­ти­ча­ри­те го ста­ви­ја по­те­гот во при­лог на сѐ по­из­вес­но­то про­лет­но пре­диз­бо­рие, по­пу­ли­стич­ки акт, кон­се­квен­тен со фе­но­ме­нот на вра­ќа­ње­то на сред­на­та кла­са. Нив­но­то тол­ку­ва­ње е де­ка, ед­но­став­но, про­мен­ли­ви­те ста­во­ви за име­то со­од­вет­ству­ва­ат со вра­ќа­ње­то на кла­са­та што бе­ше уни­ште­на во пер­и­о­дот на тран­зи­ци­ја­та ко­га на власт бе­ше се­гаш­на­та опо­зи­ци­ја. Кон­ста­та­ци­ја­та на поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те е де­ка ожи­ву­ва­ње­то на кла­са­та од уни­шту­ва­чот ќе би­де исто тол­ку те­шка кол­ку и вос­при­е­ма­ње­то на но­во­соз­да­де­на­та сли­ка за па­три­о­ти­зам на Би­ха­ќка. Дру­ги­те, пак, во твр­ди­от став ви­доа пар­ти­ска ре­па­ра­ци­ја пре­диз­ви­ка­на од ште­та­та што ѝ ја на­не­соа ин­терв­ју­а­та на Ше­ќе­рин­ска и на Фрч­ко­ски.

Се­пак, За­ев го про­ме­ни ста­вот за 13 де­на. Тол­ку по­ми­на од ин­терв­ју­то на 20 октом­ври за „Ра­дио Сло­бод­на Евро­па“ ка­де што од­би ка­ква би­ло ге­о­граф­ска одред­ни­ца, до из­ја­ва­та во Стру­га на 2 но­ем­ври „Ими­ња пред Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја или ка­кви би­ло дру­ги фор­му­ла­ции се за разг­ле­ду­ва­ње…“

На со­ци­јал­ни­те мре­жи, по га­фот де­ка има по­ве­ќе „та­тков­ци и чич­ков­ци“, ше­га­та бе­ше екс­прес­на и не­ми­нов­на – си­гур­но мо­ра да има и не­кол­ку ку­мо­ви…

Аналитичари: Опозицијата некритички го прифаќа аргументот за „спас“ од привремената референца

Нај­го­ле­ма­та опас­ност до­а­ѓа од Ва­шин­гтон и од Бри­сел, пре­ду­пре­ду­ва по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор Ри­сто Ни­ков­ски. Ве­ли де­ка Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да по­стиг­не на­ци­о­на­лен кон­сен­зус за пра­ша­ње­то на име­то и тоа глас­но да го прок­ла­ми­ра пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца.

Analiza-65-Risto-NikovskiНиковски: Ка­ко сту­ден­ти играв­ме фуд­бал на ма­ли го­ло­ви. Да­дов­ме гол ама еден од про­тив­нич­ки­от тим вре­ска­ше де­ка топ­ка­та по­ми­на­ла пре­ку ка­ме­нот. Ние – гол, тој – не е гол. Ви­дов­ме де­ка не­ма ча­ре и ре­ков­ме – до­бро де, не е гол. Гол е! – сви­ка на­ши­от про­тив­ник!

Си­те овие 20 и ку­сур го­ди­ни ток­му та­ка се од­не­су­ва­ат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за проб­ле­мот со име­то. Ако ед­на­та стра­на ре­че – да, за што би­ло, дру­га­та вед­наш вра­ќа со – не! И та­ка до бе­скрај. На сѐ се уди­ра кон­тра. При­тоа, нај­мал­ку се мис­ли на др­жав­ни­от и на на­ци­о­нал­ни­от ин­те­рес. Таа прок­ле­та ма­ке­дон­ска по­де­ле­ност до­а­ѓа до це­ло­сен израз во овој, спо­ред мно­гу ра­бо­ти, за нас клу­чен стра­те­ги­ски проб­лем.

Ре­зул­та­тот на ва­кви­те со­стој­би што ег­зи­сти­ра­ат од не­за­вис­но­ста, наг­ла­су­ва Ни­ков­ски, е не­до­стиг од ми­ни­мал­на ко­ор­ди­на­ци­ја, што соз­да­ва крај­на кон­фу­зи­ја, ко­ја е ап­со­лут­но не­по­треб­на. Тоа, спо­ред не­го, е осо­бе­но тра­гич­но ко­га се знае де­ка ме­ѓу две­те глав­ни пар­тии, во ос­но­ва, не по­сто­јат су­штин­ски раз­ли­ки, т.е. ни­кој не е под­го­твен да го жр­тву­ва на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет на на­ро­дот и да се отка­же од мај­чи­ни­от ма­ке­дон­ски ја­зик.

Analiza-65-Risto-NikovskiНиковски: И ме­сто на таа ос­но­ва да се гра­ди кон­сен­зус и за­ед­нич­ка стра­те­ги­ја, таа бла­го­род­на исто­вет­ност се гу­би во ме­ѓу­себ­ни об­ви­ну­ва­ња и се соз­да­ва впе­ча­ток де­ка раз­ли­ки­те се огром­ни и не­пре­мост­ли­ви и се отво­ра про­стор за не­кон­тро­ли­ра­ни и штет­ни из­ја­ви од стра­на на опо­зи­ци­ја­та од ти­пот на ви­тка­ње на ‘рбе­тот. Не­кои се под­го­тве­ни и на та­кви че­ко­ри и зна­ат што точ­но зна­чи тоа, ама дру­ги (ка­ко За­ев, на при­мер) го ко­ри­стат исти­от реч­ник ама без ка­ква би­ло на­ме­ра за ка­пи­ту­ла­ци­ја и за пре­кр­сту­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те. Сѐ за­ед­но, ште­та­та за др­жа­ва­та од та­кви­от од­нос е не­мер­ли­ва.

Ќе бидеме присилени самите да се преименуваме

Спо­ред Ни­ков­ски, вкуп­ни­те ре­зул­та­ти на вна­треш­на­та по­де­ле­ност и кон­фрон­ти­ра­ност се поз­на­ти и вид­ли­ви. Ве­ли де­ка ит­на, не­од­лож­на за­да­ча за две­те пар­тии е да на­пра­ват ма­кси­мал­ни на­по­ри за по­стиг­ну­ва­ње ма­кар ми­ни­ма­лен кон­сен­зус, ба­зи­ран на нив­ни­те исто­вет­ни ста­во­ви де­ка не е мо­жен ни­ка­ков ком­про­мис со ко­го би­ло – ни­ту за ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет, ни­ту за ма­ке­дон­ски­от ја­зик, ни­ту за што би­ло што е по­вр­за­но со нив. По­со­чу­ва де­ка ту­ка ни­ту има, ни­ту мо­же да има про­стор за раз­ног­ла­сие и де­ка ако се по­стиг­не це­лос­на сог­лас­ност за тоа, ре­ла­тив­но лес­но ќе оди­ме на­пред. Че­кор, по че­кор, ќе мо­же да се над­гра­ду­ва за­ед­нич­ка по­зи­ци­ја, ве­ли ексам­ба­са­до­рот.

Analiza-65-Risto-NikovskiНиковски: Мо­мент­но, нај­го­ле­ма опас­ност е по­ли­ти­ка­та на Ва­шин­гтон и на Бри­сел за за­ме­на на ре­фе­рен­ца­та со но­во, трај­но име за зем­ја­та, за над­во­реш­но ко­ри­сте­ње. Опо­зи­ци­ја­та не­кри­тич­но го при­фа­ќа тоа со „ар­гу­мен­тот“ де­ка, де­мек, ќе се „спа­си­ме“ од ре­фе­рен­ца­та. Точ­но, ама тоа би бил са­мо­у­бис­твен по­тег. Ако на­пра­ви­ме та­ква, не­прост­ли­ва исто­ри­ска гре­шка, од исти­от мо­мент единс­тве­ни „Ма­ке­дон­ци“ за све­тот ќе би­дат тие што се из­мис­ле­ни од Гр­ци­ја! Са­мо тие ќе мо­жат да ги ко­ри­стат при­да­вки­те ма­ке­дон­ски/о/а и ни­кој друг. А ние, ќе би­де­ме при­си­ле­ни са­ми­те да се пре­кр­сту­ва­ме: ќе мо­ра­ме да ме­ну­ва­ме и Устав и сѐ дру­го би­деј­ќи и па­со­ши­те и си­те ца­рин­ски до­ку­мен­ти, и сѐ што из­ле­гу­ва од зем­ја­ва – ќе мо­ра да го но­си но­во­то име со кое, не­ли, са­ми­те се сог­ла­сив­ме. И, за најм­но­гу ед­на го­ди­на, но­во­то име ќе ста­не – ер­га ом­нес!

Ни­кој не мо­же да нѐ пре­кр­сти без на­ша сог­лас­ност. Тоа е на­ши­от крун­ски ар­гу­мент во оваа не­ле­гал­на и крај­но не­рам­но­прав­на вој­на. Врз таа ос­но­ва тре­ба да се до­го­ва­ра­ат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Пишува: Љупчо Цветановски
Фото: Република

(Текст објавен во 65. број на неделникот „Република“, 29.11.2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top