| четврток, 6 декември 2018 |

Лошото спиење влијае на нездравата исхрана

Лошите навики во спиењето, малку сон, сето тоа влијае на нашите навики, посебно во исхраната. На годинешната конфренција „Сон 2012“ на која се собраа професионалци кои се занимаваат со пореметеност во спиењето, научниците од Универзитетот во Калифорнија истакнаа дека недостатокот на сон ги нарушува функциите во мозокот кои се одговорни за тоа каква храна избираме.

Научниците собрале 23 доброволци кои учестувале во истражувањето и потоа ги анализирале резултатите кои ги добиле од магнетската резонанца. Во првиот опит доброволците не спиеле скоро цела ноќ, а во вториот имале редовен сон. За време на испитувањето им биле покажувани различни видови храна, а тие сами требале да одлучат што ќе јадат.

Стефани Грир, апсолвентка на Беркли, на Универзитетот во Калифорнија и главна авторка на истражувањето, објасни дека целта на истражувањето било да се открие дали влијае пореметувањето во спиењето на работа на одредени функции на мозокот, посебно во одбирањето на храната. Истражувањата покажале дека мозочната активност во предниот дел на мозокот била значително намалена, кога испитаниците не биле наспани. Овие резултати покажуваат дека ненаспаноста може да ги намали мозочните функции кои се од витално значење во одбирањето на квалитетна храна.

– Овие резултати јасно покажуваат дека кога функцијата на мозокот е нарушена, тоа доведува до неправилен и лош избор на храна – изјави Григ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top