Американската информативна мрежа „Еј-Би-Си“ објави листа со десет најбогати ергени во светот.
1. Пол Ален (60) – 15,3 милијарди долари
Ален живее во Мерсер Ајленд (Сиетл), но неодамна купил вила со осум соби во вредност од 27 милиони долари која се наоѓа во Силициумската Долина, најскапиот дел во САД.
2. Џорџо Армани (79) – 10,9 милијарди долари
Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани има богатство во вредност од 11 милијарди долари. Дизајнерот, кој, покрај високата модна линија, има синџир хотели и колекција парфеми, во април наредната година ќе наполни 80 години.
3. Михаил Прохоров (48) – 9,3 милијарди долари
Михаил Прохоров е сопственик на тимот Бруклин нетс од НБА-лигата. Рускиот тајкун е на 69. место на листата на најбогати на „Форбс“.
4. Ксавиер Нил (46) – 8 милијарди долари
Магазинот „Форбс“ го нарекува француски крал на интернетот. Неговата компанија „Илијад“ е главната куќа на компанијата за телекомуникации „Free“.
5. Дејвид Жефен (70) – 6,6 милијарди долари
Жефен е американски бизнисмен и сопственик на компанијата „Дрим воркс анимејшн“, која прави анимирани филмови.
6. Маркос Мера (42) – 5,7 милијарди долари
Го наследил богатството од неговата мајка Розалија Мера, која е основач на шпанскиот моден бренд „Зара“.
7. Скот Данкан (53) – 5,3 милијарди долари
Данкан е сопственик на компанијата за производството на гас и сурова нафта „Ентерпрајс продукт партнерс“.
8. Андрес фон Бехтолшајм (58) – 4,4 милијарди долари
Германецот Андрес е еден од основачите на компанијата „Сан микросистем“ и претседател на компанијата за компјутерски мрежи „Ариста нетворк“.
9. Алехандро Санто Доминго Давила (36) – 3,9 милијарди долари
Дипломецот на Универзитетот „Харвард“ е втор по богатство во Колумбија. Тој богатството го наследи од неговиот покоен татко во 2011 година.
10. Чарлс Бат (75) – 2,9 милијарди долари
Бат е претседател и генерален директор на компанија за трговија во Тексас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.