| четврток, 6 декември 2018 |

Битолска адвокатка ги мамела своите клиенти

advokat sudija sud

Адвокатка од Битола им земала пари на своите кленти за застарени предмети и наплаќала за услуги кои не ги извршувала без да издаде признаница. По нивна пријава, полицијата утврдила кривични дела.

СВР Битола поднесе кривична пријава за Е.Х.К. (46) од Битола, адвокат, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Пријавената, во својство на законски застапник на лице од Битола по добиен судски спор со управител на фирма за должничко-доверителни односи, од нејзин колега во име на клиентот примила 6.960 денари и истата го држела во заблуда дека парите ги нема исплатено. Исто така, побарала уште 2.500 денари за поднесување тужба иако знаела дека делото е застарено и дека не постои законска основа.

Во друг случај, Е.Х.К. сторила злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа. Пријавената, на 21.07.2013 година, во својство на законски застапник на лицето Н.Н. од Битола, искористувајќи ја службената положба, од неговата мајка В.Н. побарала и примила 1.800 евра и 4.000 денари за поднесување жалба по донесена пресуда, а за парите не ѝ врачила признаница и до денес не поднела жалба. Во септември, во канцеларијата на Е.Х.К. дошла В.Н. каде што ѝ била предадена потврда во ракопис со која е наведено дека на 17.07.2013 година на лице-вработено во затворот во Битола, со која Н.Н. бил во врска, ѝ исплатила 1.500 евра за наводно нејзина ангажираност за извршени услуги во затворот, а како сведок потпишала непостојно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top