Извршителка од Велес добила кривична пријава затоа што запленила многу повеќе имот отколку што должел должникот и на тој начин оштетила фирма за цели 120.000 евра, јавува полицијата.
СВР Велес поднеле кривична пријава за Ј.Ѓ.(51) од Скопје поради основи за сомнение дека во својство на службено лице – извршител – на 12.11.2012 година сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Пријавената искористувајќи ја околноста да постапува по барање на заложен доверител – Тутунска банка а.д. Скопје – спровела присилно извршување врз имот на а.д. „Велеспром“ врз основа на нотарски акт од 2005 година, при што извршила продажба на недвижност со површина од 722 квадратни метри имот на а.д. „Велеспром“, кој не бил оптоварен со залог. Со наведеното пријавената нанела значителна материјална штета на а.д. „Велеспром“ во износ од 7.515.842 денари, во корист на доверителот Тутунска банка а.д. – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.