| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордно аерозагадување во Скопје

загадување

Загадувањето на воздухот со прав во Скопје пред две вечери го достигна рекордот за оваа зима – на мерната станица Лисиче нивото на ПМ 10 честичките достигна 700 микрограми на кубен метар воздух, што е 14 пати повисоко од дозволената вредност, која во интерес на човековото здравје не смее да надмине 50 мцг/м3, пишува весникот „Дневник“.

Мерната станица во Лисиче е поставена на место што го мери загадувањето предизвикано од согорувањата во индустријата. Часовната концентрација од 700 микрограми е измерена во средата во 21 часот, кога нема голема фреквенција на сообраќај. На другите мерни станици во центарот и во Kарпош, аерозагадувањето последниве денови се движи околу 200 мцг/м3, односно 4 пати над дозволеното, а во одредени периоди достигнуваше и до 400 мцг/м3.

Ситниот прав во воздухот е мошне опасен за здравјето, особено за децата, старите лица и за хронично болните. Може да предизвика низа кардиолошки и белодробни болести, рак и смрт. СЗО ги прогласи ситните честички ПМ10 за канцерогени, кои се поопасни за здравјето од пасивното пушење. Според Светската банка, годишно во Македонија поради загаден воздух умираат 1.350 лиц

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top