Вчера во Гостивар се одвивала вистинска драма. Тројца засега непознати маскирани разбојници се обиделе да ја ограбат семејната куќа на гостиварско семејство лоцирана во населбата Седма Зона.
Во куќата на семејството, кое важи за поимотно и има менувачница, разбојниците влегле додека внатре биле сопругата, мајката и синот на сопственикот, а поради присебноста на домаќините, кои успеале да повикаат полиција и Брза помош и да го активираат алармот, крадците не успеале да земат ништо, но, за жал, ги повредиле мајката и синот. Крадците влегле додека жената ја оставила вратата отворена за да фрли ѓубре, влегле со пиштол и се обиделе да ги врзат со леплива лента, но, за среќа, домаќинката го активирала алармот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.