Насловната страница на Њујорк на која е фотографијата на девојка која се снима себеси, додека зад неа на Бруклинскиот мост маж се заканува со самоубиство, предизвика лавина негативни реакции и од читателите и од уредниците на весникот. Фотографот на весникот побарал девојката да му го каже нејзиното име, но таа одбила и си заминала од местото на настанот.
Фотографијата заврши на насловната страна со голем наслов „Selfie-ish“ (игра на зборови, со која се комбинираат зборовите „selfie“ или автопортрет и себичност).
Мажот сепак не се самоубил, туку завршил во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.