Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов изјави дека во нападот директно учествувале двајца терористи, односно освен бомбашот самоубиец бил вклучен уште најмалку еден негов соработник.
Безбедносните служби дошле до вакви заклучоци по шестмесечна опсежна истрага, во која исто така било утврдено дека терористите влегле во Бугарија месец пред нападот, при што користеле австралиски и канадски патни исправи. Во терористичкиот напад беа убиени пет израелски туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.