| четврток, 6 декември 2018 |

Парис Хилтон го помеша Нелсон Мендела со Мартин Лутер Кинг

Богатата американска старлета Парис Хилтон уште еднаш се покажа во право светло. На веста за смртта на Нелсон Мендела, Парис на нејзиниот профил на „Твитер“ напиша порака со која очекуваше да се направи паметна, но излезе сосема спротивното.

Хилтон на нејзиниот профил го пофали познатиот говор на Мендела „Јас имам сон“, зад кој, всушност,  стои познатиот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг.

Можеби Парис треба да го обнови знаењето за историјата, секако доколку најде време меѓу ноќните лудувања и пазарења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top