Поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо, застана во одбрана на сегашниот директор што ја напушта функцијата во клубот, Адриано Галијани.
Потпретседателката на „росонерите“, Барбара Берлускони, побара замена за Галијани, што со сигурност не му се допадна на Гатузо.
– Сметам дека човек каков што е Адриано Галијани заслужува повеќе почитување поради тоа што го направи за клубот и сите резултати кои ги постигна во изминатите години. Не сакам да го кажам ова, но, навистина, не можам да ги гледам жените во фудбалот – рече Гатузо.
Според него, оваа година Јувентус е главниот фаворит за освојување на Серија А, но му се допаѓа и овогодинешниот тим на Рома.
– Јувентус, дефинитивно, е главниот фаворит за освојување на „Скудетото“, јасно ја покажува желбата за победа. Сепак, морам да ги пофалам и одличните натпревари на Рома, ќе биде ова интересно првенство – додаде Гатузо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим