| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе и бремена жена меѓу повредените во пожарот во Штип

pozar skopje

Осумтемина штипјани што вчера беа повредени во големиот пожар што избувна во зграда во населбата Сињак 4 се во добра состојба и се надвор од животна ошасност. Сите биле примени во штипската болница со проблеми со дишењето, а еден имал мали изгореници.

Меѓу лицата што побарале помош имало и осуммесечно бебе и бремена жена. По укажаната прва помош, бебето и бремената жена биле упатени на понатамошен лекарски надзор.

За среќа, во пожарот нема жртви и тешкоповредени благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица во Штип, која интервенирала со три возила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top