
Српската полиција утрово почнала голема операција на целата територија на земјата за разбивање организирани криминални групи кои се занимаваат со дистрибуција на дрога.
Според српски „Блиц“, акцијата почнала во 6 часот по налог на Бирото за координација за работа на службите за безбедност, со кое претседава потпретседателот на Србија, Александар Вучиќ. Операцијта се води под оперативно име „Гром“ на територија на сите 27 полициски управи во земјата. Се очекува да бидат уапсени неколку стотини наркодилери.
Полицијата најави повеќе информации во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


