| четврток, 6 декември 2018 |

Компании од Централна и Источна Европа на бизнис-форум во Скопје

invest in macedonia

Повеќе од 40 компании од Централна и Источна Европа ќе се запознаат со инвестициските можности во Македонија на деловен форум во Скопје.

Форумот е во организација на Кабинетот на министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа (ЕуЦхам ЦЕЕ) предводена од претседателот Микеле Орзан.

На настанот ќе се обратат и вицепремиерот Владимир Пешевски, и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.

Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа е независна, невладина и приватно организирана институција со седиште во Будимпешта, Унгарија и ги претставува интересите на националните и интернационалните компании во Европа, со цел создавање нови деловни можности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top