| четврток, 6 декември 2018 |

Безвизниот режим со можност за укинување

Советот на министри од Европската унија денеска во Брисел усвои механизам за привремено враќање на визите за граѓаните на западнобалкански држави и трети држави во специфични ситуации – доколку има нагло растење на нерегуларните имигранти или неосновани барања за одобрување азил.

Итната мерка за укинување на безвизниот режим на шест месеци за некои држави е можна и во случај на непочитување на договорот за реадмисија, односно во случај на одбивање барања на ЕУ држава да одбие да прими назад свои државјани кои би го злоупотребиле визниот режим.

Европската комисија, на предлог на една или повеќе држави од Унијата, е овластена да процени дали за некои од жителите на одредена држава повторно ќе бара визи за влез во шенгенскиот простор на Унијата.

Таа заштитна клаузула не е за одредена држава од Западен Балкан туку може да биде применета на секоја држава чии граѓани би злоупотребиле право во ЕУ слободно да патуваат без визи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top