| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар во Штип – се запали станбена зграда

Голем пожар зафати станбена зграда  на улицата „Ванчо Китанов“ во штипската населба Сењак 4 денеска околу 16:00 часот, информираат од МВР

Пожарот започнал во подрумите на зградата, а кога чадот се проширил низ ходниците станарите почнале да паничат.

Полесно е повреден 56-годишниот Т.К. кој се обидел да го спречи понатамошното ширење на огнот.

Станарите веднаш биле евакуирани преку пожарните скали, а навремената интервенција на противпожарната бригада не дозволи пожарот да се прошири.

Нема информации за лица со потешки повреди.

Наводно, причината за пожарот е човечки фактор, но сѐ уште не постојат детални податоци.

Полицијата работи на расветлување на случајот. Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top