Можеби се најголемите клубски ривали во шпанскиот фудбал, но Барселона и Реал имаат многу нешта заеднички. Покрај одличните играчи, овие фудбалски клубови имаат и голем заеднички спонзор – „Ауди“.
Автокомпанијата пред неколку дена им ги додели новите автомобили по нивен избор на играчите на Реал. Меѓу другите и Кристијано Роналдо си одбра свое „милениче“. Голгетерот на кралскиот клуб се реши за новиот модел „РС6 авант“, кој ќе го користи една година.
Денес, пак, своите нови автомобили ги добија и фудбалерите на Барселона. Нивниот најдобар играч, Лионел Меси го одбра моделот „Ку5 3.0 ТДИ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








