| четврток, 6 декември 2018 |

Победникот на СП во Бразил ќе освои 35 милиони долари

Меѓународната фудбалска федерација го зголеми наградниот фонд за Светското првенство во Бразил 2014 година од 420 на 576 милиони долари.

Победниците ќе добијат 35 милиони долари, за разлика од претходниот Мундијал во Јужна Африка 2010 година кога прваците добија 30 милиони долари.

Второпласираниот на Мундијалот во Бразил ќе биде награден со 25 милиони долари.

СП во фудбал во Бразил ќе биде одржано од 12 јуни до 12 јули

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top