| четврток, 6 декември 2018 |

Американските директори со 273 пати повисоки плати од работниците

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американската Влада има намера да преземе големи мерки за да се намалат разликите во примањата на американските граѓани кои во изминатите децении се нееднакво распоредени.

Обама вели дека разликите во примањата на американските граѓани се појавиле по 1970 година. Според него, тогаш граѓаните со највисоки примања заработувале 20 отсто од вкупните национални примања, додека денес заработуваат 50 отсто од примањата на државно ниво.

– По Втората светска војна просечен директор во САД имал повисока плата од просечен работник за 20 до 30 пати, а денес прима 273 пати повисока плата од просечен работник, наведе Обама.

Тој нагласи дека е потребно да се обнови идејата за „американскиот сон“ за да им се дадат на сите луѓе во САД исти шанси и можности да успеат и да заработат за живот на достоен човек. На крај рече дека лично ќе се посвети во борбата против нееднаквоста во примањата на американските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top