Американската компанија „Џенерал Моторс“ денеска соопшти дека кон крајот на 2015 година на европскиот пазар ќе го укине брендот „Шевролет“.
Од 2016 година моделите на „Шевролет“, со исклучок на „Корвета“ нема да се продаваат во Европа, бидејќи ЏМ ќе се фокусира на јакнење на европските филијали Опел и Воксал. Како причина за повлекувањето на „Шевролет“ од Европа е тоа што брендот не успеа да го заземе планираниот удел на европскиот пазар, како и тешката економска ситуација во Европа.
„Шевролет“ во првите 10 месеци од годинава во Европа забележа пад на продажбата за 17 отсто, а на пазарот учествува со само 1,2 проценти. „Џенерал Моторс“ истакнува дека повлекувањето на „Шевролет“ од Европа нема никаква врска со партнерството со француската групација ПСА Пежо-Цитроен и дека оваа одлука е донесена независно од односите со ПСА групацијата.
Американската компанија планира во следните години на пазарот во Евопа да го претстави својот луксузен бренд Кадилак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


