Во Охридско, двајца наркозависници киднапирале дилер на дрога, го истепале и го врзале за бандера и од него барале да им даде хероин.
Киднапирањето се случило минатата недела, а полицијата ги уапсила охриѓаните С.П.(32) и А.Д.(29) и против нив поднела кривична пријава за противправно лишување од слобода.
Против С.П. е поднесена кривична пријава и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Истрагата утврдила дека зависниците дошле пред домот на Г.С. (34) во охридското село Долно Лакочереј, насила го внеле во нивниот автомобил „алфа ромео“, го тепале и му барале да им даде 10 грама хероин.
Потоа со пластифициран конец му ги врзале рацете за метален столб и продолжиле да го тепаат. На враќање кон возилото, Г.С. го искористил моментот на невнимание и успеал да побегне.
Полицијата извршила претрес во домот на С.П. и пронашла 20 грама марихуана.
Според полицијата, приведените од порано и биле познати на полицијата како сторители на кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.