Според шпанските информациски агенции, Кристијано Роналдо и оваа година ќе остане без најголемата награда што еден фудбалер може да ја освои – „Златната топка“.
Како што информираат шпанските медиуми, во последно време во обложувалниците сѐ повеќе се уплатува на победата на Лионел Меси и коефициентот е намален од 2.5 на 2. Во исто време и третиот најсериозен кандидат за „Златната топка“, фрацускиот интернационалец Франк Рибери, е сѐ подалеку од пиедесталот. Коефициентот за него рипна на 10. ФИФА сака да го промени начинот на бодување и секој фудбалер што освоил титула во престојната година да биде повеќе вреднуван. Меси ја освои шпанската лига, додека Роналдо не освои ништо. Во ваквиот развој на настаните чудно е како Рибери, кој освои сѐ со Баерн Минхен, е сѐ подалеку од наградата. Во секој случај ако Меси ја освои наградата по петти пат, ваквите награди ја губат смислата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.