| четврток, 6 декември 2018 |

Кенија: во одмазднички напад убиени десет луѓе меѓу кои и пет деца

Најмалку 10 луѓе се убиени од кои пет деца во одмазднички напад во Кенија.

 Според соопштението на Црвениот крст, нападот е извршен во село населено од племето Покомо, а напаѓачите употребиле огнено оружје и мачети. При нападот биле запалени 19 куќи.

 

Нападот е одмазда за вчерашниот масакр кога членовите на племето Покомо убиле девет членови на племето Орма во село оддалечено 20 километри.

 

Во судирите меѓу овие две племиња кои траат од август минатата година убиени се повеќе од 150 луѓе. Судири меѓу членовите на Покомо и Орма имало и во претходните години поради пристап до пасиштата, обработливата земја и изворите со вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top