На Сашо Маневски пред повеќе од 20 години во Институтот за белодробни заболувања во Козле му бил спасен живот. Боледувал од асматичен и хроничен бронхитис. Тој поголемиот дел од деството го поминал во оваа институции и никогаш не ја заборавил докторската грижа, професионалниот третман на вработените и нивната ангажирност. Затоа денес реши да донира 125.000 денари на ЈЗУ Институот по белодробни заболувања кај децата – Козле. Маневски е македонски иселеник, кој повеќе години живее во Канада и работи во деловниот сектор.
– Денес, работејќи успешно во деловниот сектор, но и чувстувајќи морална обврска, преку оваа донација сакам да им се заблагодарам на сите што работеа во Козле, а воедно и да ги поттикнам сите поединци што се во можност да донираат материјални средства во институциите што се грижат особено за детските животи, затоа што тие се нашата иднина – изјави Маневски денеска.
Оливер Зафировски, директорот на Институот, се надева дека оваа донација ќе биде поттик и за други лица да го сторат тоа што го направи Маневски.
– Се надевам дека ваквиот чин ќе охрабри и други да го направат тоа и да ја покажат својата хумана страна и дека секој што има можност, ќе донира средства. Нашата институција одбезбедува педијатриска здравствена заштита на повеќе од 200 пациенти дневно и овие средства од Маневски ни се повеќе од потребни. Му благодариме за овој хуман гест. Особено нè радуваат вакви посети бидејќи покажуваат дека ентузијазмот на поединецот може да биде, навистина, моќен – изјави д-р Зафировски.
Средствата од донација ќе бидат наменети за изградба и подобрување на условите за работа и обезбедување висококвалитетна здравствена заштита на пациентите во новиот објект на Институтот што станува регионалн центар каде што годишно се хоспитализираат повеќе од 3.500 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“