| четврток, 6 декември 2018 |

Храната во Грција е прескапа

saladЦената на овошјето и на зеленчукот во Грција стигна до рекодно ниво поради монополското однесување на картелите на пазарот, алармира весникот „Етнос“.
Во своето истражување Комисијата за конкурентност утврдила дека картелите се насекаде присутни и дека цените на овошјето и зеленчукот откако ќе се произведат, па се додека стигнат до продавниците, добиваат надградена цена и до 180 проценти.
Станува збор за цените на седум производи – јаболка, портокали, праски, компири, домати, краставици и марули, а авторите на истражувањето предупредуваат на „искривеното“ функционирање на грчкиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top