Расте тензијата на грчките универзитети откако вчера синдикатите и Владата не се договорија за барањата на административците на двете високообразовни институции, Атинскиот универзитет и Националниот политехнички универзитет, да се повлече решението на Министерството за образование за кастрење на работните места, на што инсистираат меѓународните кредитори во замена за доделената финансиска помош за земјата, пренесе Радио Атина.
Како решавачки за исходот од ситуацијата се оценуваат денешните консултации на вработените на универзитетите.
Атинскиот универзитет, кој е во штрајк од почетокот на есенскиот семестар, е затворен, а неговите вработени во административните служби соопштија дека ќе штрајкуваат до 13 декември.
Претставници на универзитетскиот синдикат информираат дека од министерот за образование не ги добиле гаранциите кои ги побарале. Вработените во Националниот политехнички универзитет во Мецово информираа дека ќе штрајуваат и утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


