НБА-ѕвзедите од Минесота и Сан Антонио избегаа од чадот во салата во Сидуад Мексико, а натпреварот што требаше да биде убава промоција на најсилната кошаркарска лига се претвори во дебакл. Дефект на генераторот за струја во салата предизвика густи облаци од чад по што мораше да се спроведе евакуација на публиката од салата.
Тоа се случи на само 45 минути пред стартот на мечот кога Тим Данкан, Тони Паркер, Кевин Лав, Никола Пековиќ и останатите ѕвезди од двата тима се загреваа. Место кошарка и спектакл, како што беше предвидено, на сцената имаше чад и бегство од салата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



