
Френк и Елинор Тарнер беа во брак 65 години. Елинор почина на 29 ноември во градот Монро, во Северна Каролина, во старски дом, а шест часа подоцна починал и нејзиниот сопруг Френк, без да знае дека во меѓувреме починала и Елинор.
Нивната приказна може да се нарече љубавна приказна од бајките. Се запознале во 1948 година во еден салон за автомобили, каде што Френк купувал автомобил, а Елинор работела како секретарка. Оттогаш биле постојано заедно, а Френк не ја напуштил Елинор ни дури кога крајот се наближувал. Заедно биле и во домот за стари лица, но поради болест Елинор морала да биде префрлена на Одделот за интензивна нега. Френк доаѓал секој ден и се грижел за неа.

– Родени се ист месец и иста година. Сѐ работеле заедно во животот. Кога мајка ми почина, знаев дека татко ми нема да издржи многу, но не ни претпоставив дека тоа ќе се случи во ист ден – изјави нивната ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


