| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 25 загинати во напад во Јемен

yemen_1905488cНајмалку 25 загинати и повредени е билансот по нападот на атентатор- самоубиец кој активираше автомобил- бомба наполнет со експлозиви во дворот на Министерството за одбрана во центарот на јеменската престолнина Сана. Веднаш по експлозијата од околните згради се слушнале пукања, а напаѓачите влегле во зградата на Министерството, во кое во моментов има размена на оган.

По експлозијата во стариот дел на Сана, каде што, покрај Министерството за одбрана, се наоѓа и јеменската Централна банка, пристигнаа возила на итната медицинска помош и неколку воени возила.

Привремената влада на Јемен често се обидува да се избори со сецесионистите од југот на земјата, борците на Ал Каеда и бунтовници од северот, како и со тешките економски проблеми. Атентатот е извршен во ситуација на блокада на националниот дијалог во Јемен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top