Хакери украле кориснички имиња и лозинки од речиси два милиони корисници на Facebook, Google, Yahoo, Twitter и други. Огромната база настанала како резултат на Килогинг (keylogging) софтвер (вирус) под име Пони (Pony), инсталиран на некои компјутери низ светот. Вирусот во минатиот месец откривал податоци и ги праќал на одреден сервер контролиран од напаѓачите. Информации укажуваат дека се работи за за глобален напад, поради тоа што податоците за логирање биле земени од корисници од 102 земји.
Серверот на напаѓаќите бил во Холандија, а до сега сезнае дека биле „собрани“ важни информации за над 93 000 веб- страници, вклучувајќи: 318.000 од Facebooк, 70.000 од Gmail, Google+ и YouTube, 60.000 Yahoo, 22.000 од Twitter, 9.000 од руската социјална мрежа Odnoklassniki, 8.000 од ADP и 8.000 од LinkedIn.
Facebook, LinkedIn и Twitter го забележале ова и за корисниците извршиле промена на лозинките. Google, Yahoo иADP не коментираат.
Оваа трка со хакерите ги открива и слабостите на лозинки кои најчесто се користат. Вкупно 15 820 сметки ја користеле лозинката 123456, а понатаму како најчесто користени лозинки се јавуваат 123456789 и 1234. На четврто место е password, а на петто 12345.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


