Познато е дека тенисерите заработуваат многу, но шпанскиот тенисер Рафаел Надал во изминатиот месец ја помести неговата веќе висока граница.
Односно, тој на егзибициските натпревари низ Јужна Америка одигра четири меча, а на неговата сметка легнале 10 милиони долари.
Надал одигра четири егзибициски меча против Ферер, Ѓоковиќ и Налбандијан, а ги посети Чиле, Аргентина и Перу. Сепак, пред Надал останува Швајцарецот Роџер Федерер, кој за ваква турнеја заработил 12 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


