| четврток, 6 декември 2018 |

Исто­ри­ски­от до­го­вор по­стиг­нат пре­ку тај­ни пре­го­во­ри меѓу САД и Иран?

iran-us-handshake

Иран и ше­сте го­ле­ми свет­ски си­ли (пет­те по­сто­ја­ни член­ки на Со­ве­тот за без­бед­ност при Обе­ди­не­ти­те на­ции, САД, Ру­си­ја, Ки­на, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и Фран­ци­ја, плус Гер­ма­ни­ја) по­стиг­наа до­го­вор за иран­ска­та нук­ле­ар­на про­гра­ма, кој вед­наш го до­би епи­те­тот исто­ри­ски. Те­хе­ран ве­ти де­ка ќе за­пре го­лем дел од сво­ја­та нук­ле­ар­на­та про­гра­ма, а за воз­врат ќе до­бие уб­ла­же­ни санк­ции.

Аме­ри­кан­ски­те ме­ди­у­ми го оце­ни­ја до­го­во­рот ка­ко ве­ро­јат­но нај­важ­на по­бе­да во над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка на пре­тсе­да­те­лот Барак Оба­ма. Прв­пат во пер­и­од од де­сет го­ди­ни Иран се сог­ла­си да ги за­пре сво­и­те нук­ле­ар­ни актив­но­сти, а во исто вре­ме ова е нај­го­лем на­пре­док во об­но­ве­ни­те ре­ла­ции ме­ѓу САД и Иран. Две­те зем­ји не­ма­ат фор­мал­ни дип­ло­мат­ски од­но­си уште од Иран­ска­та ре­во­лу­ци­ја во 1979 го­ди­на. Од­но­си­те поч­наа да до­би­ва­ат нов пра­вец во сеп­тем­ври ко­га но­ви­от пре­тсе­да­тел на Иран, Ха­сан Ру­ха­ни, и не­го­ви­от аме­ри­кан­ски ко­ле­га Ба­рак Оба­ма раз­ме­ни­ја пис­ма. Еден ме­сец по­доц­на, Ро­ха­ни нај­а­ви нов тон во од­но­си­те за вре­ме на не­го­ва­та пр­ва по­се­та на Обе­ди­не­ти­те на­ции ко­га имаа „исто­ри­ски те­ле­фон­ски раз­го­вор“.

 

Во обра­ќа­ње­то по по­стиг­на­ти­от до­го­вор, Оба­ма им со­оп­шти на Аме­ри­кан­ци­те де­ка ова са­мо е прв че­кор со кој ќе се по­стиг­не го­лем до­го­вор.

– Де­нес дип­ло­ма­ти­ја­та отво­ри нов пат кон по­без­бе­ден свет, кон ид­ни­на во ко­ја мо­же да би­де­ме си­гур­ни де­ка иран­ска­та нук­ле­ар­на про­гра­ма е ми­ро­љу­би­ва и де­ка не мо­же да из­гра­ди нук­ле­ар­но оруж­је – ре­че Оба­ма.

Иран­ски­от пре­тсе­да­тел, пак, по­зи­тив­ни­от ре­зул­тат од пре­го­во­ри­те го тол­ку­ва ка­ко не­ус­пех на оби­ди­те на „не­при­ја­те­ли­те“ да про­мо­ви­ра­ат „ира­но­фо­би­ја“.

– Со дру­ги збо­ро­ви, овој до­го­вор зна­чи приз­на­ва­ње на пра­во­то на Иран да има сво­ја нук­ле­ар­на про­гра­ма. Све­тот раз­бра де­ка по­чи­ту­ва­ње­то на иран­ска­та на­ци­ја ќе да­де ре­зул­тат и де­ка санк­ци­и­те не­ма да има­ат ефект – из­ја­ви Ру­ха­ни.

 

Иа­ко ова е са­мо при­вре­ме­но ре­ше­ние од кое тре­ба да про­из­ле­зе ко­неч­ни­от до­го­вор, не­го­во­то зна­че­ње е огром­но за­тоа што да­ва го­ле­ма на­деж за из­бег­ну­ва­ње уште ед­на вој­на и за ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот по дип­ло­мат­ски пат. Цел­та си­ту­а­ци­ја, мо­же­би, нај­до­бро ја опи­ша иран­ски­от ана­ли­ти­чар Али Ва­ез пре­ку сво­ја­та по­ра­ка на „Тви­тер“: „Ка­ко во ат­лет­ска тр­ка, пре­скок­ну­ва­ње­то на пр­ва­та преч­ка не ви га­ран­ти­ра по­бе­да. Но без тоа тр­ка­та е за­гу­бе­на“.

ШТО Е ДОГОВОРЕНО?

Со до­го­во­рот од Же­не­ва Иран ве­ти де­ка ќе го за­пре збо­га­ту­ва­ње­то на ура­ни­у­мот по­ве­ќе од пет про­цен­ти и да ги уни­шти ре­зер­ви­те што со­др­жат збо­га­тен ура­ни­ум по­ве­ќе од 20 про­цен­ти. Иран, исто та­ка, се сог­ла­си за транс­па­рент­ност без пре­се­дан и за де­тал­но наб­љу­ду­ва­ње на сво­ја­та нук­ле­ар­на про­гра­ма. За воз­врат, САД и нив­ни­те парт­не­ри при­фа­ти­ја да уки­нат дел од санк­ци­и­те во из­нос од шест до се­дум ми­ли­јар­ди до­ла­ри.

Две­те стра­ни имаа нај­твр­ди по­зи­ции во вр­ска со пра­во­то за збо­га­ту­ва­ње ура­ни­ум на Иран. Те­хе­ран ин­си­сти­ра све­тот да им го приз­нае пра­во­то да збо­га­ту­ва­ат ура­ни­ум за ми­ро­љу­би­ви це­ли. Во исто вре­ме, САД не доз­во­лу­ва­ат та­кво не­што со образ­ло­же­ние де­ка на ни­ту ед­на зем­ја во све­тот не ѝ е га­ран­ти­ра­но та­кво пра­во, па тоа не­ма да се слу­чи ни­ту со Иран. Та­ка, спо­ред „Њу­јорк тајмс“, две­те стра­ни наш­ле со­ло­мон­ско ре­ше­ние, па се до­го­во­ри­ле оваа точ­ка да има двос­мис­ле­но зна­че­ње.

„Аме­ри­ка ми­на­та­та не­де­ла сиг­на­ли­зи­ра­ше де­ка е отво­ре­на за ком­про­мис со кој две­те стра­ни, во ос­но­ва, ќе се до­го­во­рат да не се до­го­во­рат за на­чи­нот на тол­ку­ва­ње на до­го­во­рот, до­де­ка за тоа вре­ме Иран ќе про­дол­жи да збо­га­ту­ва ура­ни­ум“, пи­шу­ва „Њу­јорк тајмс“. Та­ка, Иран ќе про­дол­жи да твр­ди де­ка све­тот му го приз­на­ва пра­во­то да збо­га­ту­ва ура­ни­ум, до­де­ка САД ќе про­дол­жат да го не­ги­ра­ат тој факт.

До­де­ка го­ле­ми­те си­ли, Иран и го­лем дел од За­па­дот изра­зу­ва­ат за­до­волс­тво од по­стиг­на­ти­от до­го­вор, Изра­ел е мно­гу раз­о­ча­ран по­ра­ди ва­ква­та си­ту­а­ци­ја.

– Тоа што се слу­чи во Же­не­ва не е исто­ри­ски до­го­вор. Тоа е исто­ри­ска гре­шка. До­го­во­рот не­ма да го на­пра­ви све­тот по­без­бе­ден. Ка­ко што тоа не се слу­чи во 2005 го­ди­на со до­го­во­рот со Се­вер­на Ко­ре­ја. Со тоа све­тот ста­на уште по­о­пас­но ме­сто – из­ја­ви изра­ел­ски­от пре­ми­ер Бен­ја­мин Не­тан­ја­ху.

ТАЈНИ ПРЕГОВОРИ

Ин­три­ги­рач­ко во це­ла­та еу­фо­ри­ја око­лу „исто­ри­ски­от до­го­вор“ ме­ѓу за­кол­на­ти­те не­при­ја­те­ли е бр­зи­на­та и лес­но­ти­ја­та со ко­ја бе­ше по­стиг­нат, ба­рем спо­ред тоа што го ви­де јав­но­ста. Ток­му по­ра­ди тоа по­сто­јат сом­не­жи де­ка раз­ли­ки­те ме­ѓу САД и Иран би­ле над­ми­ну­ва­ни долг пер­и­од пре­ку ди­рект­ни пре­го­во­ри на ви­со­ко ни­во.

Аген­ци­ја­та „Асо­ши­еј­тед прес“, по­ви­ку­вај­ќи се на три ви­со­ки из­во­ри од ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма, пи­шу­ва де­ка пре­го­во­ри­те се чу­ва­ле во тај­ност ду­ри и од најб­ли­ски­те со­јуз­ни­ци на САД, вклу­чу­вај­ќи ги и парт­не­ри­те во пре­го­во­ри­те, но и од Изра­ел, сѐ до пред два ме­се­ца. Тај­ни­те раз­го­во­ри, исто та­ка, мо­жат да ги об­јас­нат и тен­зи­и­те ме­ѓу САД и Фран­ци­ја, ко­ја на по­че­то­кот на ме­се­цов се дво­у­ме­ше за пред­ло­же­ни­от до­го­вор, но и со Изра­ел, кој е бе­сен по­ра­ди но­во­на­ста­на­та­та си­ту­а­ци­ја.

Тај­ни­те раз­го­во­ри ги одо­брил лич­но пре­тсе­да­те­лот Оба­ма ка­ко дел од не­го­ви­те на­по­ри да го ре­ши проб­ле­мот со зем­ја­та, ко­ја, спо­ред Стејт де­парт­мен­тот, е нај­го­лем спон­зор на те­ро­риз­мот.  Пре­го­во­ри­те, на­вод­но, се во­де­ле пре­теж­но во Оман и во нив учес­тву­вал мал круг лу­ѓе, ме­ѓу кои за­ме­ни­ци­те др­жав­ни се­кре­та­ри Ви­ли­јам Барнс и Џејк Су­ли­ван, ка­ко и пот­пре­тсе­да­те­лот на САД, Џо Бај­ден. Тие од март го­ди­на­ва се срет­на­ле нај­мал­ку пет­па­ти со ви­со­ки иран­ски офи­ци­јал­ни прет­став­ни­ци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top