| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се прошири уште 1,1 километар од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Градежната компанија „Трансмет“ од Скопје ќе ја реализира реконструкцијата и проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, од крстосницата кај булеварот 8-ми септември до улицата Московска кај студентскиот дом „Гоце Делчев“. Градот Скопје потпиша договор за остварување на третата фаза од овој проект, која вклучува проширување на сообраќајницата во должина од 1.150 метри, објави „Билд.мк“. Постоечката траса на Митрополит Теодосиј Гологанов ќе прерасне во булевар со по две коловозни ленти во секој правец, нови пешачки патеки и улично осветлување. За оваа намена на фирмата „Трансмет“ ќе и бидат исплатени 80.976.055 денари, односно над 1,3 милиони евра. Во согласност со склучениот договор, рокот за реализација е шест месеци. Основниот проект за овој зафат го изработи фирмата „Чакар Партнерс“ од Скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top