| четврток, 6 декември 2018 |

Елката пред Капитол украсена со над 5.000 рачно направени украси

Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер помогна да се осветли  божиќната елка пред американскиот Капитол, во Вашингтон ДЦ, на годишна церемонија на која присуствуваа други членови на Конгресот.

Дваесет и седумметарската елка дојде од Националната шума Колвил во државата Вашингтнон.  Тоа е второто највисоко дрво што до сега било употребено за оваа намена кај Конгресот.

Елката е украсена со над 5.000 украси рачно направени од деца од целата држава рефлектирајќи на  темата „Да ја споделиме добрата природа на Вашингтон“.

Ваква церемонија за прв пат се одржала на Капитолот во 1964-тa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top