| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најхрабриот човек на светот: Премиерот на Исланд им отпиша по 24.ооо евра долг на секое домаќинство

Дури 24.000 евра долг од станбените кредити на секое домаќинство ќе бидат отпишани од страна на владата на Исланд, а оваа одлука наишла на огромно воодушевување, како кај тамошните жители, така и во целиот свет!, објавува „Точка“.

Имено, станува збор за најнова одлука на исландската влада, а истата била донесена во рамките на мерките за заздравување на финансиската состојба на жителите. Во анализата која што и претходела на оваа одлука биле добиени податоците дека за 320.000 државјани постои товарот од хипотеките, чија што вкупна вредност изнесува 1.25 милијарди долари.

Понатамошната анализа покажала дека овој товар има директно влијание врз исландската валута, затоа што вкупната вредност на богатството на оваа земја се наоѓа на ниво од околу 14 милијарди долари.

Така, дел од долгот едноставно ќе биде отпишан и истиот граѓаните нема да мора да го враќаат, а дел ќе го враќаат така што граѓаните на Исланд кои имаат кредити ќе бидат ослободени од плаќање данок во траење од три години!

Всушност, најдобро звучи веста дека исландската влада ќе ги надокнади парите од оваа мерка така што ќе го зголеми данокот за финансиските институции!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top