| четврток, 6 декември 2018 |

И со нов тренер ништо ново кај МЗТ

mzt 2013 (11)

Во осмото коло од УЛЕБ Еврокупот екипата на МЗТ Скопје Аеродром доживеа нов пораз. Во СЦ Борис Трајковски МЗТ го пречека тимот на Банвит и загуби со убедливи 86-68. Ниту новиот тренер во редовите на „металците“ Мартич не успеа да ги искорени старите навики кај играчите кои сакаат индивидуално да ги завршуваат акциите проследени со многу загубени топки. Овој натпревар го судеше сидиска тројка на чело со најдобриот европски судија италијанецот Луиџи Ламоника кој имаа неколку чудни одлуки кои сепак на крајот не влијеа на конечниот исход и на името на победникот. Во трите четвртини МЗТ сепак беше достоен противник кој со само четири поени негатива влезе во последниот период. Грешките кои ги правеа домашните кошаркари умешно ги искористија играчите на Банвит и брзо поведоа со девет поени разлика 62-53.Како привршуваше мечот гостите стигнаа и до 20 поени разлика и на две минути до крајот почнаа да ја слават победата.
Најефикасен кај МЗТ беше Кејт Дејвис со 14 поени, додека Гечевски постигна 12. Најефикасен кај тимот од Турција воедно и на паркетот беше Дејвис со 21 поен следен од Роуланд со 20.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top