| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки дипломат беснеел низ Белград и се заклучил во амбасадата

besen atase

Георгиос Адамакис (62) аташе во грчката амбасада во Белград возел со 120 километри на час низ центарот на главниот град на Србија. Еден полицаец се обидел да го запре, но тој наместо да запре уште толку нагазил на педалата за гас и поминал на црвено светло на семафор, пишува белградскиот весник „Информер“.

Полицајците се дале во потера по лудиот дипломат, но тој стигнал до амбасадата и се заклучил во неа. Поради екстериторијалниот карактер на амбасадите, полицијата не смее да влегува во нив. Поради дипломатскиот имунитет, дипломатот најверојатно ќе помине неказнето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top