Двајца студенти во Тетово биле фатени како се шетаат со марихуана в џеб, синоќа околу 12 часот, на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ откако им било извршено легитимирање од страна на полицијата.
Лицата Д.Д. (22) од Дебар и Ч.Л. (23) од Република Албанија како студенти привремено престојувале во Тетово.
При преглед на Д.Д., в џебот од јакната му се пронајдени три пакувања со непозната тревкаста материја, а при претрес на неговиот дом пронајдена е торба со марихуана и опрема за нејзина подготовка и консумирање.
Лицата се приведени и задржани во СВР Тетово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.