Шеснасет годишна девојка од гостиварското село Падалиште, била приведена во полициската станица Гостивар, под соменение дека превезувала еден килограм марихуана, соопштуваат до СВР Тетово.
Полициски службеници, вчера околу 15 часот, во населбата Циглана, запреле такси-возило, во кое се превезувала 16-годишната средношколка од Падалиште. При преглед на возилото, во торбата што ја имала со себе, било пронајдено најлонско ќесе во кое имало околу еден килограм тревкаста материја, најверојатно марихуана.
Според СВР Тетово, набрзо потоа малолетничката во присуство на родител и претставник на Центарот за социјална работа, приведена е и задржана, а во консултација со јавен обвинител и по извршениот разговор, пуштена е дома.
Полициските инспектори работат на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.