Претседателот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски предлага да се направи заедничко знаме и заеднички грб кои ќе ги спојуваат Македонците и Албанците. Георгиевски за 24вести вели дека денешното знаме за кое и тој гласал кога се носело немало историска димензија.
Овие предлози некогаш ќе дојдат како последна шанса ако не успееме да се разбереме за целите. Ако гледате во последните 2-3 години, кулминира состојбата со албанското знаме на територијата на Македонија. Кога не можеме во пракса да го испочитуваме законот за знамињата како што е донесен да направиме ново. Предлогот е да направиме и заедничко знаме и заеднички грб нешто што можеби сите ќе не спојува. Химната не ја чепкаме во овој момент. Знамето што го имаме денес нема некоја историска димензија. Ако е тоа начин да ги донесеме Албанците на овој концепт за кој зборуваше Волерс, јас мислам дека треба да се проба. Треба да ги тестираме. Да видиме дали сакаат да го градат тој нов идентитет на Македонија на начин на кој што да речеме дека никој нема да може да каже дека ниту нивното е загрозено, ниту нашето е загрозено. Ако оставиме вака, ние де факто имаме перманентно означување на двоен суверенитет на Македонија. Ако сметаме дека е тоа подобро да продолжиме. Јас не гледам дека во блиска иднина некој ќе ја блокира оваа ситуација за знамето. Значи ние ќе имаме се повеќе и повеќе искри и релации кон двоен суверентитет на Македонија, вели Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искршена рачката од знамето пред конзулатот на Монголија
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Е нема ти да ни го расипуваш славењето: Додека Хрватите славеле, Албанци ги провоцирале со своето знаме!
-
Георгиевски: Како тоа Бугарија 25 години молчи на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија?