| четврток, 6 декември 2018 |

„Владимир Путин е латетнен хомосексуалец“

Во новиот биографија за Владимир Путин, московскиот политиколог Станислав Белковски тврди дека рускиот претседател е трауматизирана личност и претпоставува дека има хомосексуални склоности .

Неговата книга е наречена  „Путин“, а во неа се наведува дека наводната афера на рускиот претседател со гимнастичарка Алина Кабаева е измислица на неговиот ПР тим, за да го одвлекува вниманието на јавноста од вистината, а тоа е фактот дека Путин е „латентен хомосексуалец“. Покрај тоа, Белковски во книгата тврди дека за Путин повеќе претпочита животни од луѓе.

Се разбира, со сѐ ова, Белковски го навлече бесот на Кремљ, а меѓу другото тој пишува и дека клучот за да се сфати Путин е во неговото детство.

„Малиот Владимир, кој практично израснал без татко и без љубовта на неговите родители, беше повлечено и незадоволно дете. Роден е како син на алкохоличар две години пред датумот кога официјално се наведува“, пишува во книгата.

Белковски додава дека Путин го поминал својот живот во потрага по замена за семејството, при што татко пронајде во Борис Елцин, а брат во Роман Абрамович.

Портпаролот на Путин , Дмитри Песков изјави дека наводите на Белковски не се базираат на вистината или како што велат во Русија – тие се тотално ѓубре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top