Скапите ѕвезди од Бруклин предводени од Кевин Гарнет, Пол Пирс, Џо Џонсон, Дерон Вилијамс, Брук Лопес, играат како почетници и повторно се поразени, по 13. пат сезонава во 18 натпревари. Сопственикот на Нетс, рускиот тајкун Прохоров плаќа и такса на луксуз, поради надминување на дозволената граница за плати, но тоа и фактот дека има екстра квалитетни имиња во составот сепак не носат резултати. Ноќеска против Денвер не играа Пирс и Вилијамс, а Бруклин загуби со 87-111.
Џонсон беше најефикасен на мечот со 22 поени, но гостите имаа повеќе расположени кошаркари. До седмата победа во серија ги предводеше Тимофеј Мозгов со 17 поени.
Десетка на Мајами хит во низа, ноќеска спречи Детроит и тоа симболично, со победа од 10 поени разлика. Шампионите стасаа во градот на автомобилите со 9 победи едноподруго, но мораа да признаат пораз и тоа од екипа што имаше само деветмина кошаркари во игра. Од нив седуммина постигнаа двоцифрен број на поени. Монро и Стаки кај Детроит беа најефикасни со по 16 поени, а за Мајами Леброн Џејмс и Мајкл Бизли постигнаа по 23 поени.
Резултати: Орландо – Филаделфија 125-126 (две продолженија), Бостон – Милвоки 108-100, Бруклин – Денвер 87-111, Мајами – Детроит 97-107, Мемфис – Феникс 110-91, Далас – Шарлот 89-82, Сакраменто – Оклахома 95-97, Голден стејт – Торонто 112-103.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.