
Зголемувањето на цените и забавениот економски раст придонесоа за пад на рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин на најниско ниво во последните 13 година, покажуваат резултатите на рускиот независен социолошки институт „Левада“.
Минатиот месец 61 проценти од анкетираните изјавиле дека ја одобруваат работата на Путин, додека неговата поддршка во октомври била нешто под 64 отсто.
Во поголемиот период од првите два претседателски мандати (2000-2008) Путин имаше рејтинг повисок од 70 проценти, што се совпадна со економскиот бум и високата цена на нафтата. На моменти рејтингот на рускиот претседател беше и над 80 отсто. Во 2012 година, по премиерскиот мандат, кога повторно беше избран за претседател и доби трет шестгодишен Мандат веќе имаше проблеми со заживување на економијата.
И покрај протестите по реизборот во 2012 година, 61-годишниот Путин и натаму е најпопуларниот руски политичар. Тој не ја исклучува можноста да се кандидира и на претседателските избори во 2018 година. Според анкетата, тој би добил нешто над 50 проценти од гласовите, што би било доволно за победа уште во првиот круг.
„Левада“ секој месец изработува анкета за рејтингот на Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


