| четврток, 6 декември 2018 |

Почина писателката Вера Бужаровска

VeraBuzarovska

По кратко боледување на 3 декември во Скопје почина писaтeлката и публицист Вера Бужаровска. Родена е во Битола на 7 декември 1931 година. Писателската кариера ја почнува во 1962 година со објавувањето на детската книшка Стоп наменета како забавна и поучна литература за најмладата читателска публика. Следуваат над четириесетина прозни и поетски остварувања во кои доминираат повести и во чиј центар е  жената и нејзината судбина во патријахалното опкружување. Во овој творечки опус посебно се издвојува романот Акчилница, моќна автобиографска слика за детството на авторката и градот Битола во премрежјето на предвоените и воените четириесетти години од минатиот век. Во последните две децении авторката обработува провокативни теми од македонското секојдневие поврзани со политичкиот живот и криминалот кои ѝ носат популарност кај најшироката читачка публика (Трите жени на Усеин, Затвор за жени, Авторот е обвинет за убиство, TATКреветот на проституката, Братот на министерот, Го открив атентаторот и др.). Повеќе нејзини дела се преведeни на неколку јазици, а покрај текстовите објавени во Политика експрес и Илустрована политика  во седумдесеттите години од минатиот век, има изработено и сценарија за радио и ТВ проекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top