Сообраќајот на сите патишта во земјава се одвива по претежно суви и чисти коловози. Поради ниската температура, можни се подмрзнувања на осојничавите места.
Поради појава на магла, забележана е намалена видливост во Кичево до 60 метри и во Градско до 30 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.
Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка, од 25.11.2013 година се изведуваат од Агино Село кон Миладиновци. Работите се изведуваат во временски период од 7 до 18 часот, додека, пак, сообраќајната сигнализација за привремена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 почнаа геодетски активности за што е воведена привремена измена на режим на сообраќај и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе трае до 27.01.2014 г. Работите се изведуваат во временски период од 7 до 17 часот, додека, пак, сообраќајната сигнализација за привремена измена на сообраќајот е поставена 24 часа на трасата.
Почнувајќи од 26.11.2013 г. во периодот од 10 до 14 часот на патниот правец Раброво – Костурино (Р1401) се изведуваат градежни работи за вградување на асфалтот по целата ширина на патот.
На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3) и Македонска Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да се одвиваат до средината на декември.
На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и приспособување на брзината спрема условите на патот.
На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза и се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.
Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради проблеми на српската страна од граничниот премин Табановце, има долга колона од тешки товарни возила и нивното поминување на границата се одвива многу бавно. Нема застој во сообраќајот за патничките возила. На другите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.