| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадор Горан Тасковски: Името е само врв на сантата мраз

Македонскиот Амбасадор во Анкара ја елаборирал состојбата во Македонија на конференцијата организирана од Меѓународната организација за стратешко истражување посветена на темата „Балканот во 21 век и дипломатијата“.
Според амбасадорот Тасковски македонската влада се обидува да ги надмине и спорот за името и сите други конфликти со дијалог и мирни методи и дека Македонија нема никакви територијални аспирации кон своите соседи.

За време на сесијата на која гостите на конференцијата поставувале прашања и амбасадорот добил сугестија дека спорот мора да се реши на база на взаемно разбирање Тасковски изјавил дека дури и ако хипотетички биде постигнат компромис за името, се уште пред двете земји остануваат проблемот со  јазикот и спорот околу  идентитетските прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top