| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Змијанац: Никогаш нема да носам градник

Проѕиринио фустан за кој сите зборуваат е само еден од просечните што ми го подари мојот Жељко. Ништо тука не било плански – вели Весна Змијанац коментирајќи тоа што поради таа комбинација се најде на насловните страници.

–  Им позирав на фотографите, блицот се проби низ фустанот и ми ги отцрта градите. Градник никогаш не сум носела, ниту пак ќе носам. И зошто?- вели за Блиц легендарната пејачка која има 57 години.

Таа се најде во фокусот на интересирањето како поради разголените гради така и поради наводното раскинување со вереникот.

– Да сакам секој ден би била на насловна страна и би ви давала материјал. Не ги покажував градите, таков ми беше фустанот – вели Весна.

За вереникот Жељко вели дека знаат и да се скараат и да не зборуваат по неколку дена за некои ситници, но не е вистина дека ја прекинале убовната врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top