| четврток, 6 декември 2018 |

Волерс: Горди сме што сме пријатели со Македонија

По повод дваесет годишнината од отварањето на дипломатската канцеларија на САД во Македонија,  Пол Волерс на неговото обраќање рече дека тие не подржуваат во целост, а нашата земја ја сметаат за сојузник и пријател.

– Со гордост ја нарекуваме Македонија наш сојузник и пријател – рече Волерс

Волерс истакна дека за овие 20 години Соединетите Американски Држави обезбедиле повеќе од една милијарда американски долари како помош за Македонија, исто така и дека подржуваат дополнителни можности за младите од Македонија да ги прошират хоризонтите.

Како што кажа тој во изминатите дваесет години повеќе од 20 илјади учесници на програмата размена од Македонија биле во САД, со цел да работат, да учат, како и да создаваат професионални врски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top